Connect with us

Тајмаут

Македонската тaеквондистка Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка Џонс

Македонската таеквондистка Милјана Рељиќ постигна голема победа на Олимпијадата во Париз, победувајќи ја двократната олимписка шампионка Џејд Џонс со резултат 7:6. Со оваа победа, Рељиќ се пласира во четвртфиналето во категоријата до 57 килограми, каде што ќе се соочи со Летиција Ајуд од Либан. Борбата е закажана за 15:45 часот.

Во меѓувреме, македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот на Олимпијадата, откако загуби со 0:10 од Индијанецот Амар Шерават во категоријата до 57 килограми слободен стил.