Македонската таеквондо елита заминува на Светско првенство во Манчестер

Вечерва нашите најдобри таеквондо репрезентативци летаат за Манчестер, на Светското сениорско првенство во олимписко таеквондо.

Ќе ги одмерат силите со 150 држави во светот, со елитата во овој олимписки спорт.

Македонскиот национален тим го сочинуваат:

Дејан Георгиевски ТК Бутел +87 кг Европски Шампион 2018, Бугарија

Филип Додевски ТК Бутел -87 кг Златен медалист на Европско Клубско Првенство 2019, Грција

Анамарија Георгиевска ТК Бутел -62 кг Бронзен медал на Светско Јуниорско првенство 2018, Тунис

Стручниот штаб го сочинуваат тренерите Д-р Борче и Дарко Костовски.