Фудбал
Македонците казнети поради исвиркување на химната на Бугарија
УЕФА ја казни фудбалската федерација на Македонија поради однесувањето на локалната публика при поразот од Бугарија со 0:1 пред еден месец, дознава SPORTM.mk

Македонија треба да платат т вкупно 14.500 евра, од кои 10.000 за интонирање на државната химна и 4.500 за фрлање предмети на теренот на стадионот „Тоше Проески“.
Политичката тензија меѓу Бугарија и Македонија во последните месеци го достигна својот врв за време на натпреварот од Лигата на нации на 26 септември.
Речиси 20.000 на трибините гласно ја исвиркаа бугарската химна. Следеа скандирања упатени кон Бугарите, а јасно се слушаа навреди како „Бугаро-татари“ и „Цигани“.