Connect with us

Фудбал

„Малата Белгија победи гигант како што е Бразил“

„Малата Белгија победи гигант како што е Бразил“

Тоби Алдервајредл и овојпат беше на висина на задачата и одигра одлично во одбрана.

Белгијците успеаа да го сопрат бразилскиот напад, а одличниот фудбалер на оваа селекција емотивно го доживеа пласманот во полуфиналето.

„Мала земја како Белгија е во полуфиналето на Светското првенство откако победи гигант како што е Бразил“ кажа Алдервајредл, и продолжи:

„Имавме среќа, се боревме жестоко во второто полувреме. Ова  е неверојатно. На нас е голем притисок затоа што нас не сметаат како златна генерација. Тоа и го покажавме. Навистина емотивна ноќ, работевме напорно работевме напорно за ова“, кажа Алдервајредл.