Connect with us

Фудбал

Манџукиќ ќе заврши во Манчестер, но Мурињо нема да им даде пари, туку еден играч

Кристијано Роналдо и неговиот трансфер во Јувентус ќе бидат централна за овогодишниот трансфер рок.

Според италијанските и шпанските медиуми, за брзо ќе биде завршена оваа работа, што значи дека Марио Манџукиќ ќе стане вишок во Торино и ќе бара нов клуб.

Се разбира, за тоа се пишува веќе неколку дена, а Манџукиќ наводно ќе отпатува за Манчестер, каде што следната сезона треба да игра за Јунајтед.

Најновите информации велат дека Јувентус наместо пари ќе земат еден од посакуваните играчи од Јунајтед, Матео Дармијан, кој Јувентус веќе некое време се обидува да го доведе во своите редови.

Оваа размена треба да се направи откако Манџукиќ ќе се врати од Русија, каде што за три дена ќе игра во четврт финале против Русија.