Поврзи се со нас

Фудбал

Мануел Ноер утре ќе го сруши рекордот стар 41 година

Интересен натпревар од Лигата на нации помеѓу Шпанија и Германија ќе се одигра во вторник.

Ноер има можност утре да го има својот 96. настап во дресот на германската репрезентација, во Севиља, и ќе стане голман со најмногу натпревари во националниот дрес на неговата земја.

Претходно голманот на Баерн се изедначи со легендата на Баерн, Сеп Маер, кој имаше 95 настапи, а по 41 година тој рекорд ќе падне.

“Крајно време е. Поминаа 41 година откако го поставив рекордот и му честитам”, рече Маер.

Ноер има 34 години, но сепак е еден од најдобрите голмани на светот, тој настапува во Баерн, но исто така немаат ништо против и во германската репрезентација да „издржи“ уште неколку години.

loading...

Facebook