Поврзи се со нас

Фудбал

„Марадона тешко ќе најде место во нашиот тим“

Реал Сосиедад ќе одигра натпревар против Наполи во рамките на Европската лига.

Мечот го објави на интересен начин тренерот на Реал Сосиедад, Иман Алгуасил, кој тврди дека Марадона немаше да има место во неговиот тим.

“Марадона тешко ќе најдеше место во нашиот тим. Можеби ќе стори нешто со топка, но без топка сигурно не. Го имаме Давид Силва, кој е многу талентиран, но исто така е и голем работник”, рече Алгуасил.

Интересно, Реал Сосиедад е на првото место во домашниот шампионат по седум одиграни натпревари.

Тие постигнаа најмногу голови од сите тимови, дури 14, токму затоа Алгуасил има големи надежи пред натпреварот со Наполи.

loading...

Facebook