Connect with us

Фудбал

Марка: Ал Наср сака на Роналдо да му го доведе Модриќ. Испратена неверојатна понуда

Саудискиот премиерлигаш Ал Наср го доведе 37-годишниот Кристијано Роналдо за најголемата плата во историјата на фудбалот. Португалецот за две и пол години треба да заработи половина милијарда евра. Сепак, Саудијците не планираат да застанат на Роналдо, а шпанска Марка пренесува дека следните две желби им се Серхио Рамос и – Лука Модриќ!

Роналдо дојде, се очекува и Рамос, но тешко ќе се привлече Модриќ. Ал Наср сака да ја издигне Саудиска Арабија во елитата и да ја направи нејзината лига една од најследените во светот. За тоа му требаат големи имиња. Роналдо веќе пристигна, а наскоро и 37-годишниот Рамос би можел да пристигне на крајот од сезоната бидејќи ПСЖ не е сигурен дали сака да го продолжи неговиот договор. Сепак, доведувањето на Модриќ, исто така 37 години, ќе биде многу потешко, пишува Марка.

Саудијците наводно дале огромна понуда, но Модриќ од натпревар во натпревар покажува дека се уште е на врвно ниво и сака да остане таму. Тоа му е поважно од парите, а Реал е воодушевен поради тоа.

Договорот на хрватскиот капитен со мадридскиот клуб истекува на крајот на сезоната, преговорите за нов се уште не се започнати, но Марка нагласува дека тоа е најмалиот проблем и дека Модриќ и Реал сигурно лесно ќе се договорат.

И Американците го сакаат Модриќ, но тој нема да го напушти Реал до 2024 година. Марка пишува дека покрај Саудијците, на Модриќ му пристапиле и клубови од САД. Интер Мајами беше најконкретен и сака да ги спои Модриќ и Меси во својот тим. Сепак, шпанскиот весник тврди дека одговорот на Модриќ е ист за сите: „Ќе разговараме во 2024 година“.

И Саудијците и Американците сакаат да го искористат Модриќ за промоција на фудбалот. Американците се подготвуваат за Светското првенство за четири години на кое ќе бидат домаќини заедно со Канада и Мексико, но јасно дека ќе мора да бидат трпеливи за Модриќ бидејќи тој му дава апсолутен приоритет на Реал.

„Хрватот го усоврши начинот на кој треба да се однесува како играч на Реал. Во Мадрид има се што сака, и на спортско ниво и во секојдневниот живот. Се чувствува почитуван, сакан и не сака да се откаже од тоа. Реал не сака да се откаже ниту од него и го смета за клучна личност за неговата иднина“, заклучува Mарка.