Connect with us

Фудбал

Маскирани лица го нападнале и претепале претседателот на ФФМ Мухамед Сејдини

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини бил претепан од неколку маскирани во ресторанот Балканика Рустикана во Скопје, објави ТВ Алсат.

Веста за овој медиум ја потврдил и портпаролот на Федерацијата, кој нагласил дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“. Како што објави Алсат не се знае во моментов каква е состојата на Сејдини.