Connect with us

Фудбал

Матеус разочаран од Алкантара

Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матеус смета дека клубот треба да го продаде играчот од средниот ред Тиаго Алкантара.

Тој е незадоволен од начинот на кој Алкантара го изрази незадоволството откако беше сменет во финалето на германскиот куп со Ајнтрахт Франкфурт (1:3).

– Мислам дека Алкантара е добар играч, но во последно време тој е само сенка на себе. Немаше некоја одлучувачка улога на големите натпревари. Во последниве неколку недели тој ме разочара. Не сум сигурен дека сега е фокусиран на играта. Ова не одговара на ниво на играчот на Баерн. Ако дојде понуда, раководството треба да размислува за продажба на Алкантара, изјави Матеус.