Connect with us

Фудбал

Мбапе: Резултатот против Ирска е охрабрувачки

Напаѓачот на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе е задоволен од прикажаното на пријателскиот натпревар со Ирска (2:0).

– Победите секогаш ја зголемуваат самодовербата, но денес тоа е повеќе од вообичаено. Натпреварот со Ирска е охрабрувачки, но не треба да застанеме овде. Покажавме одлични перформанси кои треба да ги репродуцираме во иднина. Ќе се обидеме да продолжиме на оваа победничка патека и ќе работиме напорно, изјави Мбапе.

Тој смета дека ќе биде неопходно да се подобрат и најмалите детали, за да се постигне успех на претстојното Светско првенство.

– На Светските првенства може да бидат одлучувачки и најмалите ситници. е изграден врз деталите. Ние треба да бидеме на ниво на секој натпревар. За да се стигне далеку мора да бидеме совршени, потенцира Мбапе.

Франција на Мундијалот е во група со Австралија, Перу и Данска.