Connect with us

Фудбал

Меси го смени животот на 10-годишен навивач на Арсенал

„OrCam MyEye“ е револуционерен уред дизајниран за слепи лица и лица со слаб вид. Лесната камера за паметни очила веднаш чита отпечатен и дигитален текст од која било површина и препознава лица, производи и апоени на банкноти во реално време. Цената на таков уред е неколку илјади евра.

Дури и пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусите, Лионел Меси се сретна со 12 лица со оштетен вид во Барселона за да им даде такви камери и да одигра натпревар со нив.

“Тоа беше неверојатно инспиративен настан. Јас јасно гледам дека овој уред ги менува животите на луѓето”, рече Аргентинецот.

Како што објави „Дејли Мејл“, Меси продолжил да им помага на лицата со оштетен вид. Sвездата на Барселона сега го донираше уредот на 10-годишен слеп навивач на Арсенал. Слепо момче кое игра фудбал сега ќе може полесно да ужива во својата страст.

loading...

Меси се очекува во блиска иднина да испорача повеќе уреди на деца со сериозни оштетувања на видот. Според најновото истражување, околу 300 милиони луѓе ширум светот страдаат од слепило или одреден степен на оштетување на видот.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com