Connect with us

Фудбал

Меси и Роналдо за последен пат во натпревар богат со голови

Вечерва веројатно го гледавме последниот натпревар меѓу двајцата најдобри на овој век, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, каде се сретнаа во пријателскиот натпревар помеѓу Ол-стар тимот на Саудиска Арабија и Пари Сен Жермен.

Овој натпревар беше најавен претходно, а вечерва гледавме вистински спектакл, девет гола, од кои два на Кристијано Роналдо и еден на Лео Меси.

Веќе во третата минута Нејмар асистираше до Меси за водство на Пари Сен Жермен, кое траеше до 34. минута, кога Роналдо израмни од пенал – 1:1.

Пет минути подоцна ПСЖ остана со играч помалку, бидејќи Хуан Бернат заработи директен црвен картон.

И со играч помалку, ПСЖ беше поопасен, па Маркињос ја искористи асистенцијата за 1:2 во 43. минута.

Но, Роналдо повторно го врати резултатот на својот тим, налета на одбиената топка во судиското надополнување на првото полувреме за 2:2.

Голеадата продолжи и во продолжението, во 53. минута Мбапе со неколку дриблинзи го полуде својот чувар, а потоа како на чинија го проигра Серхио Рамос за 2:3.

Повторно брзо се врати Ол-стар тимот на Арапската лига, бидејќи Џанг Хјун-Со повторно израмни по корнер.

ПСЖ дојде до ново водство во 60. минута, Меси удри играч во рака, а судијата покажа на белата точка. Мбапе ја намести топката и погоди за 3:4.

Потоа следеше подосадниот дел од натпреварот за сите присутни, бидејќи во 61. минута играта ја напуштија Роналдо и Меси, Нејмар и Мбапе.

Во комбинираните тимови ПСЖ славеше до крајот, Екитике во 78. минута погоди за 3:5, а потоа на крајот во судиското надополнување Талиско ги постави конечните 4:5.