Connect with us

Фудбал

Меси: Нема оправдувања

Капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси зборуваше по шокантниот пораз од Саудиска Арабија (2:1). Аргентина го затвори првото полувреме со водство кое и го донесе Меси со гол од пенал, но во вториот дел следеше сензационален пресврт.

„Нема оправдувања. Мораме да бидеме пообединети од кога било. Оваа група е тешка и нашата игра го покажа тоа. Долго време не сме биле во ваква ситуација и ова е вистински момент да покажеме колку вредиме“,  рече Меси, додавајќи: „Ова е тежок удар за нас, не очекувавме ваков почеток на натпреварувањето. Мораме да се подготвиме за она што доаѓа и да победиме“.

Аргентина сега ќе треба да игра против Мексико (26 ноември) и Полска (30 ноември). Посебен мотив треба да има Меси, за кого ова е речиси сигурно последно Светско првенство на кое настапува.