Connect with us

Фудбал

Меси се уште не го продолжил договорот со Барселона – бара посебна клаузула

Лео Меси се уште го нема продолжено договорот со Барселона. Иако од клубот тврдат дека се е договорено, сепак се уште нема официјална потврда и потпис.

Неговиот актуелен договор со клубот од „Камп Ноу” истекува наредното лето, а Барселона интензивно работи на продолжување на соработката со својот најдобар фудбалер.

Сепак, Аргентинецот бара во новиот договор да му биде вметната една специфична клаузула.

Имено, Меси сака во новиот договор да има клаузула според која ќе може кога тој што ќе посака да ја напушти Барселона.

Неговиот сон е да заигра за Њуелс одл Бојс во својата татковина и верува дека неговото барање е разумно и дека Барса ќе го прифати.

-Би сакал да заиграм за Њуелс. Тој е мој долгорочен сон, но вистина е дека ни самиот не знам што се може да се случи, изјави Меси.

Барселона не е во позиција да преговара со еден од најдобрите фудбалери на денешницата, па најверојатно ќе ги прифати неговите услови.