Connect with us

Ракомет

Металург новата сезона од ЛШ ќе ја започне со Спортинг Лисабон

Ракометарите на Металург новата сезона од Лигата на шампионите ќе ја почнат со натпревар на гостински терен кај Спортинг Лисабон на 15 септември, додека првиот дел од групната фаза ќе го завршат на 1 декември на гости кај Татран Прешов.

Единствено за натпреварот од третото коло, кога во Скопје ќе гостува екипата на Татран Прешов, се уште не е утврден терминот.

Металург оваа сезона е во група со екипите Спортинг Лисабон, Бешикташ, Татран Прешов, Бјерингбро Силкеборг и Чеховски Медведи.

Распоред на натпреварите (по македонско време):

1. коло (15.09.2018 г., 19:30 ч.): Спортинг Лисабон – Металург

2. коло (23.09.2018 г., 17:00 ч.): Металург – Бешиткаш

3. коло (26/30.09.2018 г.): Металург – Татран Прешов

4. коло (07.10.2018 г., 15:10 ч.): Бјерингбро Силкеборг – Металург

5. коло (13.10.2018 г., 15:00 ч.): Чеховски Медведи – Металург

6. коло (04.11.2018 г., 17:00 ч.): Металург – Чеховски Медведи

7. коло (11.11.2018 г., 17:00 ч.): Металург – Спортинг Лисабон

8. коло (17.11. 2018 г., 14:00 ч.): Бешикташ – Металург

9. коло (24.11.2018 г., 17:30 ч.): Металург – Бјерингбро Силкеборг

10. коло (01.12.2018 г., 19:30 ч.): Татран Прешов – Металург.