Connect with us

Фудбал

Милан преговара со Мората

Милан ќе се обиде да го привлече напаѓачот на Челзи, Алваро Мората во текот на летото. 
 
Според „Скај Италија“, извршниот директор на „росонерите“, Марко Фасоне и спортскиот директор Масимилиано Мирабели денеска имале средба со Бепе Боцо во Милано. Вториот беше најзаслужен за трансферот на шпанскиот напаѓач во Челзи.
 
Мората немаше добра сезона на „Стемфорд Бриџ“ и се шпекулира дека не е среќен во Лондон. Јувентус има интерес да го врати, но сега и Милан влегува во борба за неговиот потпис.
 
„Росонериите“ нема да можат да го привлечат Мората за траен трансфер поради финансискиот фер-плеј, но идејата на Италијанците, според изданието, е да го изнајмат со опција да го купат подоцна. 
 
Во Италија се тврди дека Боцо можеби имал средба со лидерите на Милан и поради неговиот друг клиент Симоне Заза, кој оваа сезона постигна 13 гола за Валенсија.