Connect with us

Кошарка

Мираковски поради повреда ја пропушта финалната серија

 Капитенот на Работнички, Димитар Мираковски, ќе ги пропушти останатите натпревари од финалната серија од плејофот против МЗТ Скопје.

На лекарските прегледи денеска е утврдено дека повредата на Мираковски е сериозна. Станува збор за скинат мускул, а ќе треба да паузира од шест до осум седмици.

Плејмејкерот се повреди пред крајот на втората четвртина од првиот натпревар од финалната серија во „Градски парк“, на кој Работнички поведе со 1:0.

Тренерот Марин Докузовски ќе мора да смисли алтернативни решенија на плејмејкерската позиција пред следниот натпревар од финалето, кој се игра во среда во „Јане Сандански“.