Connect with us

Фудбал

МЛС клубови можат да играат во Купот Либертадорес следната сезона

Екипи од МЛС лигата се заинтересирани за учество во Купот Либертадорес почнувајќи од сезоната 2019/20, следната година, објавија медиуми во САД.

Шансата американски тимови да се појават во силното натпреварување е голема со оглед на тоа што Фудбалската федерација на Уругвај може да биде суспендирана од учество во турнирот под капата на ФИФА.

Сепак, уругвајските власти се надеваат дека ќе успеат со жалба да ја променат евентуално донесената одлука за дисквалификација.

МЛС лигата е најсилно натпреварување во Северна Америка и во него играат екипи од САД и Канада.

Во последните години голем број фудбалски ѕвезди од Европа направија трансфер во МЛС, па раководните луѓе на лигата бараат начин за уште поголема популаризација со учество во Купот Либертсдорес – натпреварување во Јужна Америка.