Connect with us

Фудбал

Монца преговара со седум напаѓачи и подготвува вистинска „бомба“

Челниците на новиот италијански прволигаш Монца сакаат да направат неколку спектакуларни засилувања ова лето.

По 40 години Монца успеа да се врати во Серија А, а целта е овој клуб да остане што подолго во највисокото ниво на италијанскиот фудбал.

Веќе успеаја да доведат неколку одлични засилувања, а сега приоритет на клубот е доведување напаѓач, а со Монца се поврзуваат и неколку познати фудбалери.

Минатата недела се појавија шпекулации дека Монца дури сака да го доведе Един Џеко, кој нема да биде прва опција во нападот во Интер откако Ромелу Лукаку се врати од Челзи.

Веќе е воспоставен контакт со Џеко, но тој не е единствениот со кој преговара Адријано Галијани. На списокот со желби има уште пет напаѓачи и како што стојат работите, еден од нив сигурно на крајот ќе ја засили Монца.

Наводно, покрај Џеко, челниците на Монца се во контакт и со агентите на Мауро Икарди, Луис Суарез, Единсон Кавани, Андреа Белоти, Борха Мајорал и Андреа Пинамонти.

Јасно е дека Монца сака да донесе големо име во овој клуб и со тоа да привлече големо внимание, а плус за нив е што повеќето од овие напаѓачи моментално се слободни и можат да дојдат без обештетување. Галијани на повеќето од нив веќе им понуди договори и сега трпеливо чекаат одговор.

Како што најави Џанлука Ди Марцио, наскоро Монца треба да го официјализира доаѓањето на напаѓач, а навивачите на овој клуб со нетрпение чекаат да видат кој ќе биде од овие седуммина, со кои клубот веќе извесно време е во контакт.