Connect with us

Фудбал

Мурињо се скара со првата ѕвезда на Рома

Авантурата на Жозе Мурињо на клупата на Рома започна многу добро, но почетната еуфорија како полека да се намалува.

Волчицата е во серија на слаби резултати, забележани се два последователни порази во Серија А, додека односот помеѓу еден играч и Жозе Мурињо не е баш најдобар.

„Кориере дело спорт“ пренесува дека искусниот португалски стручњак имал жестока расправија со Никола Заниоло на еден од тренинзите.

Наводно Мурињо ѝ замерил на првата ѕвезда на тимот што не направила доволно, што го изнервирало младиот Италијанец, па настанала жестока дискусија.

Проблемот се јавува и околу позицијата на Заниоло во тимот, бидејќи системите кои ги користи Мурињо никако не одговараат на карактеристиките на големата надеж на римскиот тим.

Ако Мурињо продолжи да игра со тројца играчи назад и двајца напаѓачи, немаше да има место за Заниоло, слично е и со другите системи бидејќи играњето на десно крило дефинитивно не му одговара на Заниоло.

По пристигнувањето Мурињо му испрати пораки на охрабрување на Заниоло, велејќи му дека има големи очекувања од него, но не доби идентичен одговор од другата страна.

Реклама

Facebook

Реклама