Connect with us

Фудбал

„На Мбапе му ја соопштив понудата од тимот за кој сонува, тој сам одлучи“

Килиан Мбапе го напушти Монако минатото лето и стана нов член на ПСЖ.

Изминатата сезона играше на Паркот на принцовите како позајмен играч, а парижаните ќе мора да платат 180 милиони евра оваа година за неговите услуги.

Не го сакаше само ПСЖ  млад играч. Реал Мадрид, исто така, понуди 180 милиони евра, но Мбапе одби да оди кај „кралевите“.

Потпретседателот на Монако, Вадим Васиљев ова го потврди во разговор со „Canal+“.

„Екипата беше на тренинг кога се јавија од Реал Мадрид. Тие понудија 180 милиони евра за Мбапе и ние прифативме“, изјави Васиљев, но додаде дека младиот фудбалер одби да се пресели во Мадрид.

„Јас му пријдов по тренингот и му кажав дека добивме понуда која не можеше да се одбие од клубот за кој сонува. Не сакаме да го наговараме, го оставивме сам да се одлучи и тој го одбра ПСЖ“, изјави заменик-претседателот на Монако.

Мбапи во првата сезона за ПСЖ одигра 46 натпревари, а постигна 21 гола и 16 асистенции.