Connect with us

Тајмаут

На Роналдо му се заканува затворска казна – мора скапо да ја плати слободата

Како што пишува „AS“, Кристијано Роналдо ќе мора да плати 28 милиони евра на даночните органи на Шпанија за да го избегне судењето за затајувањето на данокот. Целиот долг изнесува 14,7 милиони евра, а речиси исто толку изнесуваат и судските трошоци.

Роналдо се надеваше дека со уплата на 4 или 5 милиони евра, ќе се ослободи од органите за даночни истраги, но шпанските власти очигледно не мислат така.

Ако Португалецот не ја плати бараната сума на пари во целост, ќе се соочи со кривична постапка што може да резултира со затворска казна!

Крајниот рок е до 15 јуни, а можеби и тоа е една од причините за шпекулациите за негово заминување од „Кралскиот клуб“.

Ова сигурно не е добра вест за Роналдо пред Светското првенство, и како ќе заврши оваа сага околу данокот останува да видиме.