Connect with us

Фудбал

Наинголан ја отвори душата и објасни зошто ја  напушти Рома

Раџа Наинголан денес и официјално го потпиша договорот со Интер во кој останува до 2022. година.

Белгиецот ги изненади навивачите на Рома со одлуката да го напушти римскиот клуб во кој беше еден до љубимците. Наинголан на крајот на сезоната донесе одлука дека е време за промена на средината, а она што дополнително ја изненади „Волчицата“ е неговиот потег и заминувањето во Интер.

Наинголан денеска со Интер официјано ја потпиша соработката до 2022. година. Рома о0д овој трансфер заработи 24 милиони евра, а во спротивна насока заминаа Давиде Сантрон и младинецот на интер Николо Заниола. Откако го потпиша договорот овој белгиски гудбалер објасни зошто ја напушти Рома.

„Искрено не очекував толку добар пречек. Среќен сум и едвај чекам да измамам уште повеќе аплауз од трибината. Лучијано Спалиети? Кај него ја играв најдобрата сезона и се надевам дека ќе можам да ја повторам уште еднаш. Во Интер направија се на да се чувствувам како важен играч, а тоа е нешто што го загубив во Рома. Во Рим едноставно ја изгубија верата во мене“ рече Наинголан.