Connect with us

Фудбал

Наинголан реагираше брзо: Готово е…

Откако не беше повикан од селектор Роберт Мартинез за Светското првенство во Русија, Наинголан одлучи да стави крај на репрезентативната кариера.

Беше очекувано дека фудбалерот на Рома ќе се одлучи за таков потег кога сфати дека Мартинез не го повика во неговиот тим, а се знае дека неодамна ја продолжил соработката со Белгиската фудбалска федерација.

Затоа, Наинголан на социјалните мрежи по објавувањето на листата, објави дека дојде крајот на репрезентативната кариера.

“Со тага и болка во моето срце, решив да ја завршам репрезентативна кариера. Отсекогаш сум правел сè за да ја претставувам нашата земја, но за жал не е секогаш до мене”, рече Наинголан

Мартинез, во квалификациите за Светското првенство, исто така направи листи без Наинголан, кој очигледно е “негативец во репрезентацијата”, барем така мисли Мартинез.