Connect with us

Фудбал

Најстариот клуб во Италија ги подготви дресовите за јубилеј

Џенова со девет титули на шампион е четврт нај успешен клуб во Италија, но и најстар.

Имено, Џенова е првиот официјално регистриран фудбалски клуб во Италија, а денеска ќе го прослави својот 125. роденден.

Овој клуб е основан пред 125 години под името Џенова Крикет и Атлетик Клуб од страна на Англичаните кои во тоа време живееа во Италија и сакаа да имаат свој клуб и надвор од татковината.

Првобитно крикетот и Атлетиката биле примарни во Џенова, но со време и фудбалот стана примарна цел и може да се каже овој клуб е еден од најголемите во Италија иако долго време заостанува зад Јувентус, Рома, Интер, Милан или Наполи.

Генова е основана 7. септември 1893. година, а од клубот подготвиа посебни роденденски дресови. На дресовите ќе се наоѓа и натпис „7 септември 1893-2018“, како и симболот на Скудетото, но и англиското знаме во чест на основачите на клубот. Англиското знаме се наоѓа на грбот на Џенова, а ќе се најде и на „славеничкиот“.