Connect with us

Фудбал

Наполи еден месец без Осимен

Наполи скапо ја плати убедливата победа од 4:1 и одличната партија против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Најмалку во следниот месец тренерот Спалети ќе остане без услугите на својот прв шпиц, одличниот Нигериец Виктор Осимене.

Осимен уште пред мечот се пожали на болки во мускулот, но сепак ризикуваше и започна дуел со гигантот од Англија. Тој ја обнови повредата и затоа мораше да биде заменет. Утврдено е дека има сериозно истегнување на мускулите и ќе биде надвор од терените четири до шест недели.

Тоа значи дека ќе пропушти неколку важни натпревари на својот тим и во Серија А и во Лигата на шампионите. Тој би можел да се врати на теренот најрано на 12 октомври за натпреварот против Ајакс во елитното европско натпреварување.

Нападот на Наполи во негово отсуство ќе го предводи Џовани Симеоне кој летово од Верона пристигна во Неапол.