Connect with us

Фудбал

Наскоро нов договор за Модриќ

Лука Модриќ и понатаму игра одлично.

Со 36 години одличниот играч за врска доминира на теренот, како во Реал, така и во хрватската репрезентација со која вчера избори директен пласман на Светското првенство во Катар.

Шпанските медиуми наведуваат дека Модриќ ќе добие нов договор во Реал со оглед на тоа што сегашниот му истекува на крајот од сезоната.

Модриќ е во Реал Мадрид од 2012 година.

„Реал ќе му понуди нов договор на Модриќ во наредните месеци. Соработката ќе биде продолжена за уште една година, клубот верува дека тој може да понуди многу повеќе“, тврди новинарот Лувас Наварете.

Неодамна се појавија шпекулации дека Модриќ би можел да се врати на Островот, но очигледно нема ништо од тоа.

Реклама

Facebook

Реклама