Connect with us

Фудбал

Натпреварот Бохум – Баерн како доказ дека Бундеслигата нема смисла и дека нешто мора да се промени

Прашањето е по овој дуел во Бохум, има ли смисла германската Бундес лига?

За разлика од другите Лига пет, речиси и да нема возбудувања во борбата за титулата во Германија. Баерн е немилосрден и си игра со противниците.

Актуелниот германски шампион во првото коло постигна шест гола против Ајнтрахт како гостин, а денеска во Бохум успеа да постигне дури седум. Баварците го понижија домашниот тим, славеа со 7:0, а едноставно мора да се постави прашањето, има ли смисла овој формат на натпреварување?

Познато е дека имаше многу предлози за промена на форматот и за воведување плеј-оф како во НБА лигата, бидејќи на овој начин Баерн премногу лесно победува и сега единствено прашање е кога математичкиот клуб од Минхен ќе ја потврди титулата.

Изгледа малку бесмислено да се зборува за тоа бидејќи е само трето коло, но така е. Нешто треба да се промени бидејќи гледаноста на натпреварите во Бундеслигата се намалува и се се сведува на Баерн.

Веќе во четвртата минута од денешниот натпревар и по една прекрасна акција Сане ги доведе гостите во водство. До крајот на првото полувреме Де Лихт, Коман и Мане постигнаа по еден гол и ги решија сите дилеми околу победникот.

Баерн продолжи со уште три гола, Мане повторно се приклучи на стрелците, Гнабри шутираше но топката со помош на Гамбуе заврши во голот.

Баерн е на врвот на табелата со максимални девет бодови, Бохум е на дното на табелата без ниту еден освоен бод.

Баварците на домашен терен имаат дуел со Борусија М’гладбах. Тоа би требало да биде малку потежок тест за нив, но гостите тешко можат да направат нешто освен да избегнат катастрофа како во случајот со Ајнтрахт или Бохум.