Connect with us

Тајмаут

Навивачите на ФК Пирин бараат нивниот клуб да се натпреварува во Македонија

Навивачите на ФК Пирин сакаат нивниот клуб да се натпреварува во Македонија

Фановите и верните навивачи на ФК Пирин Благоевград, на нивниот Фејзбук профил испратија барање до Фудбалската федерација на Македонија во кое бараат нивниот клуб од следната сезона да се натпреварува Македонија.

Причината поради која фановите на Пирин бараат од ФФМ нивниот клуб да се натпреварува во следната сезона во Македонија е поради судењето, а фановите сметаат дека се донесен премногу судиски одлуки кои биле на штета на нивниот клуб.

Во продолжение, молбата на фановите бугарскиот прволигаш:

„Молба до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ)

Почитувани лидери на македонскиот фудбал, ние приврзаниците на ФК Пирин Благоевград, ве молиме да го прифатите ФК Пирин да ја започне следната сезона во македонското фудбалско првенство. Без разлика во која фудбалска лига на ФФМ. Во текот на последните 20 години екипата на Пирин во повеќе наврати беше подложен на репресија од страна на БФС, ФК Пирин двапати беше исфрлен од Првата лига на Бугарија во 2005 и 2011 година, а оваа сезона со помош на судиите беше понижен на најнизок начин од страна на Бугарскиот фудбалски сојуз.

Морал, чест, достоинството, борба и правда се идеалите на Пирин и неговите приврзаници се олицетворение на нашиот голем херој Гоце Делчев, а истите беа прегазени на многу арогантен и бесрамен начин од страна на БФС.

Официјално ве молиме да го примите ФК Пирин Благоевград во ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА на Македонија (ФФМ).

Од фан-клубот Зелени орли и фан-клубот Пирин СС и од сите навивачи на Пирин“

https://www.facebook.com/pirinfans/photos/a.497895290885.267090.288791275885/10155583698920886/?type=3&theater