Connect with us

Тајмаут

Навивачите на Јапонија, и покрај поразот, останаа на стадионот и повторно го чистеа ѓубрето

Навивачите на Јапонија, и покрај шокантниот пораз на нивната репрезентација од Белгија, останаа на стадионот во Ростов Арена, каде што го чистеа ѓубрето што остана.

Јапонија збогум на Светското првенство во Русија иако имаа предност од 2:0 против Белгија, но црвените ѓаволи покажаа одлична игра и успеаа да направат пресврт од 3:2.

Сепак, иако Самурајите беа поразени, фановите повторно беа победници на трибините, тие и покрај поразот по натпреварот останаа на стадионот и го исчистиа ѓубрето кое беше направено за време на натпреварот.

https://twitter.com/WorldCupHQ/status/1013882599138263041