Connect with us

Фудбал

Навивачите на Јунајтед излегоа на протест, а потоа го видоа Касемиро

Касемиро денеска пристигна во Манчестер и вечерва славниот англиски клуб ќе го претстави како најново засилување.

Касемиро денеска со солзи се прости од Реал Мадрид, а неколку часа подоцна пристигна во Манчестер.

Бразилскиот интернационалец ќе биде претставен вечерва на „Олд Трафорд“, на стартот од големото дерби меѓу Јунајтед и Ливерпул.

На неколку часа пред почетокот на најавениот натпревар се одржуваат навивачки протести, со цел да се изрази големо незадоволство кај сопственикот на клубот, семејството Глејзер. Навивачите сметаат дека клубот е во погрешни раце и треба да добие нов сопственик.

И додека протестираа против Американците, група навивачи го здогледаа Касемиро и секако настана делириум.

Го следеа до влезот на стадионот каде, повторуваме, вечерва и официјално ќе биде претставено последното и најгласно засилување на Јунајтед ова лето.

Касемиро не беше навреме пријавен за следниот натпревар на Манчестер Јунајтед, поради што го пропушта вечерашното дерби со Ливерпул на Олд Трафорд, но неговото деби се очекува следниот викенд.

Касемиро мечот меѓу лутите англиски ривали ќе го следи од трибините, а веќе е познато кој број ќе го носи овој Бразилец во својот нов клуб.

Имено, Касемиро реши да го позајми дресот со број 18 кој своевремено го носеше легендарниот Пол Сколс, а навивачите на Јунајтед се надеваат дека доаѓањето на Касемиро ќе означи почеток на подобри денови во Театарот на соништата.