Connect with us

Кошарка

Не го прави тоа-Леброн Џејмс му се развикал на момче во Париз кое сакало фотографија со него, а еве ја причинатa (ВИДЕО)

„Не прави го тоа“. Леброн Џејмс со повишен тон ја кажа таа реченица кога на улиците на Париз му пријде момче и побара да се фотографира со него по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри. Видеото набрзо стана вирално и се прошири на социјалните мрежи. Ден подоцна се појави видео од друг агол на кое се гледа што всушност бил проблемот и зошто американскиот кошаркар реагирал така. На тој клип се гледа дека момчето тргнало да го допре златниот медал што Џејмс го држел околу вратот и тогаш кошаркарот на Лејкерс застанал, го кренал прстот и му рекол да не го прави тоа повеќе. Момчето веднаш потоа почнало да се извинува, но Џејмс не застанал да му ја исполни желбата и да се фотографира со него. Наместо тоа, продолжил во ресторан кој се наоѓал таму и почнал да слави со своите сонародници. Погледнете ја и таа нова снимка: