Connect with us

Другите пишуваат...

„Не мислев дека ќе кажам убави работи за тебе, но…:“

Новак Ѓоковиќ  го освои Вимблдон со победа од 3:1 против Ник Киргиос.

 

“Немам зборови да кажам што значат овој турнир и овој трофеј за мене. Отсекогаш ми бил омилен турнир. Вимблдон ме мотивираше да играм тенис. Видов како Пит Сампрас победува и побарав од моите родители да ми купат рекет. Благословен сум да го држам овој трофеј во рака“, изјави Новак Ѓоковиќ по победата на Вимблдон.

Новак Ѓоковиќ имаше неколку зборови да му каже и на својот ривал Ник Киргиос. Србинот му порача на Австралиецот дека ги има сите квалитети да стане најдобар играч на светот и се потсети на тешкиот однос меѓу двајцата.

 

„Ник, ќе се вратиш, не само на Вимблдон, туку и во други финалиња. Знам дека е тешко да се утешиш со толку тежок пораз, но покажа дека можеш да бидеш најдобар на светот, особено на оваа подлога. ти посакувам се најдобро.

 

Имам многу почит кон тебе, имаш неверојатен талент и се чини дека сè оди како што треба. Никогаш не мислев дека ќе кажам толку многу убави работи за тебе, со оглед на односот меѓу нас.

 

Победникот плаќа за вечера, тоа беше облогот меѓу нас. Не знам дали вечерва ќе вечераме, но ова е почеток на една убава врска меѓу нас“, изјави Новак Ѓоковиќ за Ник Кирјиос.