Connect with us

Тајмаут

Не одигра ниту една минута на ЕП: Го прекина одморот со девојката, татко му шест часа залудно возел носејќи му копачки

Иан Маатсен го прекина својот луксузен одмор во Грција кога Роналд Куман го повика да се приклучи на холандската репрезентација, но на крајот тој не одигра ниту една минута на ЕП и не се прослави.

Левиот бек летуваше на островот Миконос со својата девојка Емели Туиндер, поминувајќи време и опуштајќи се на јахта од 500.000 фунти, кога беше повикан да го замени повредениот Теун Купмајнерс. Маатсен ја прифатил поканата, дури и татко му возел шест часа до Германија за да му донесе копачки и потребната опрема, но тоа било залудно.

Младиот 22-годишен фудбалер не доби шанса за настап и не одигра ниту една минута на ЕП, а неславно го заврши настапот на Еврото каде Холандија се пласираше во полуфиналето. Инаку, Маатсен одигра извонредна полусезона во Борусија Дортмунд откако пристигна на позајмица од Челзи. На 23 натпревари постигна пет гола во сите натпреварувања, а во новата сезона ќе настапува за Астон Вила во која се пресели за 44 милиони евра.

Advertisement