Connect with us

Фудбал

Нејмар надвор од теренот до крајот на сезоната

Шок за тимот од „Паркот на Принцовите“. Поради тешка повреда, сезоната е завршена за бразилската ѕвезда Нејмар. Нејмар го повреди скочниот зглоб пред две недели на дербито од француското првенство против Лил, па го напушти теренот на носилки и оттогаш клубот е загрижен дали Бразилецот ќе се опорави за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн. . Особено затоа што шампионот на Франција го загуби првиот меч на домашен терен (0:1) од шампионот на Германија.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие немаше добри вести на денешната прес-конференција. Запрашан дали Нејмар ќе биде подготвен за реваншот во Минхен во среда, тој одговори: „Не, мислам дека нема да биде таму“. На крајот се покажа дека Нејмар ќе го нема до крајот на сезоната. По дополнителните тестови, ПСЖ и Нејмар одлучија дека е најдобро тој да оди на операција, а опоравувањето ќе трае три до четири месеци, што значи дека оваа сезона за Нејмар е завршена.

„Во неколку наврати во последните години се покажа дека десниот зглоб на Нејмар е нестабилен. По последното истегнување на 20 февруари, медицинскиот персонал на ПСЖ препорача операција за поправка на лигаментите и спречување на поголем ризик од повторна повреда. Сите прашани експерти го потврдија тоа. Операцијата ќе биде извршена во наредните денови во Доха, а се очекува одмор од три до четири месеци пред неговото враќање на тренинзите“, велат од ПСЖ.

Нејмар постигна 18 и намести 17 гола на 29 натпревари за ПСЖ оваа сезона.