Connect with us

Фудбал

Нереални сцени од африканското првенство за жени: Ова светот ќе го памети

Нереални сцени се видени синоќа на африканското првенство за жени.

Финалниот натпревар од африканското првенство се одигра во главниот град на Мароко, Рабат, а домашната селекција во финалето се сретна со Јужна Африка. На крајот гостите победија со 2:1 и ја освоија својата прва титула.

Двата гола за Јужна Африка ги постигна Магаја, додека за Мароко стрелец беше Ајане. Сепак, гостите на крајот слават голем триумф.

Сепак, она што најмногу привлече внимание е атмосферата на трибините. Стадионот Принц Мулај Хасан беше исполнет до крај. Се беше во пламен и 53.000 луѓе дадоа огромна поддршка на домашниот тим.

Да беше капацитетот на стадионот двојно поголем, нема сомнеж дека се ќе беше полно. Сепак, Јужноафриканките подобро се снајдоа во оваа грото и остварија голема победа.

Овие сцени, сепак, ќе останат запаметени. Мароканците докажаа дека лудуваат по фудбалот, а доказ е токму женскиот тим на оваа земја.