Connect with us

Фудбал

Неверојатните Јапонци на крајот од натпреварот со пресврт ја шокираа Германија

Јјапонија ја победи Германија со 2:1 во 1. коло од групата Е на Мундијалот, иако до 75. минута губеше со 1:0. Германците поведоа во 33. минута со голот на Гундоган од пенал, пропуштија неколку одлични можности и потоа се распаднаа во последната фаза. Доан израмни во 75. минута, а Асано во 83. им донесе големо славје на Јапонците.

Германија имаше целосна контрола на натпреварот пред и по водството и апсолутно ништо не навестуваше дека Јапонците сериозно ќе се заканат. Сепак, по сите големи грешки, избраниците на Ханси Флик застанаа при крајот на мечот и им дозволија на Јапонците да преземат иницијатива, што азиските репрезентативци ја искористија и направија нова сензација на овој Мундијал откако Саудијците ја шокираа Аргентина.

Јапонците почнаа добро и со две добри контри на отворањето покажаа дека можат да бидат опасни, но потоа целосно исчезнаа. Во 16. минута Рудигер шутираше покрај голот по корнер, четири минути подоцна Гонда го одбрани страотниот удар на Кимих, а во 29. минута Гундоган имаше одлична шанса но шутираше во блокот на Јошида.

Германија дојде до доминација во 33. минута кога Гонда несмасно интервенираше и беше досуден пенал. Јапонскиот голман прво го фати Раум, а потоа падна врз германскиот дефанзивец, а судијата од Салвадор без размислување досуди пенал. Гундоган рутински го реализираше тоа.

Германија ја контролираше играта, ја чуваше топката и по првото полувреме ги остави Јапонците со 19 отсто посед на топка и само еден удар кон голот. Во судиското надополнување на првото полувреме, Хаверц постигна втор гол, но тој беше поништен.

Првиот посериозен напад го направи Јапонија во 46. минута кога Маеда остана сам пред шеснаесетникот, но со глава погоди покрај голот. Потоа дојдоа шансите на Германија. Во 47. минута Гнабри шутираше преку голот од десно, во 51. Мусиала мина четворица играчи и исто така шутираше над голот, а во 60. минута Гундоган ја погоди стативата од околу 15 метри.

Во 71. минута Германија мораше да го зголеми водството и да го реши натпреварот. Таа беше во шеснаесетникот на Јапонија повеќе од една минута, но Гонда во два наврати ги симна ударите на Гнабри, а стоперите блокираа уште два. После тоа Германија исчезна.

Итакура испрати долга топка зад грбот на германската одбрана од слободен удар од својата половина. Асано му побегна на Шлотербек и потоа од многу тешка позиција, речиси од слепа точка, ја заби топката под гредата за сензационален пресврт.

Шокираната Германија се обиде да спаси нешто до крајот на мечот, но не можеше повеќе од ударот на Горецка во петтата минута од судиското надополнување. Јапонија на тој начин ја постигна само шестата победа на СП, а Германија до крајот на натпреварувањето во групата мора да игра против Шпанија и Костарика.