Connect with us

Фудбал

Неверојатно е дека ПСЖ денеска постигна само два гола

Францускиот шампион ПСЖ денеска во подготвителен натпревар во Јапонија го совлада тимот на Кавасаки со резултат 2:1.

Парижаните во новата сезона влегуваат со нов тренер. Маурицио Покетино беше заменет со Кристофер Галтие, а ПСЖ повторно има огромни амбиции на сите фронтови.

Галтие на овој меч од првата минута го изведе најсилниот тим. Меси, Мбапе и Нејмар го предводеа нападот од Париз и во првите 45 минути беа забележани огромен број на шанси.

Навистина е неверојатно што им недостасуваше на играчите на ПСЖ. Ниту Кавасаки не беше безопасен, но и јапонскиот тим не успеа да погоди неколку големи шанси.

Сепак, ПСЖ со водство замина на пауза. Лионел Меси во 32. минута постигна гол за 1:0 на асистенција на Хакими.

Во продолжение темпото на играта беше послабо. Причината за ова се многу промени, но сепак видовме два гола, по еден на секоја страна.

Во 58. минута преку Калимуенд, ПСЖ поведе со 2:0, а во 84. минута Јамамура погоди за јапонскиот тим и конечниот резултат на натпреварот гласеше 2:1.