Фудбал
Неверојатно: Сари на бизарен начин дозна дека е отпуштен од Наполи
Маурицио Сари ова лето стана новиот менаџер на Челзи, но сигурно дека ни најжестоките навивачи на „Плавите“ не можеа да насетат дека нивниот тим после првите четири одиграни кола ќе има максимален ефект. За тоа, без сомнение најзаслужен е италијанскиот стручњак.
Овој стручњак минатата сезона го водеше Наполи до второто место во Италија, а во трката за Скудетото остана до последното коло, но тоа на крајот му припадна на Јувентус. Наполи во текот на целата сезона играше отворено, напаѓачки фудбал, а на крајот овој тренер доби отказ, а тоа го дозна на интересен начин.
„Точно е, јас дознав дека веќе не сум тренер на Наполи така што тоа го слушнав на телевизија. Во нешто се сомневав, тоа е фер, но постоеше клаузула во договорот и тоа не е нешто што јас го побарав. Тоа не се случи во вистинско време. Сега се надевам дека Анчелоти ќе го направи тоа што јас не успеав во минатата сезона, а бев многу блиску“, рече Сари.
Сигурно е дека Де Лаурентис донесе фантастичен тренер да го замени Сари, Карло Анчелоти е вистински магнет за трофеи, но сепак останува впечатокот дека газдата на Наполи не испадна фер према Сари.