Connect with us

Други спортови

Нишикори: Дуелите со Ѓоковиќ секогаш се предизвик за мене

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори вели дека натпреварот против Новак Ѓоковиќ во УС Опен ќе биде голем предизвик за него.

Во четвртфиналето, Нишикори го победи Марин Чилиќ по што против Ѓоковиќ Новак ќе има можност да се бори за второт финале на Грен слемот во Њујорк.

Тоа ќе биде реприза на полуфиналето од 2014 година, кога Нишикори славеше со 3-1.

– Долго време поминав од тој дуел. Генерално немам добар биланс против Новак. Натпреварите со него секогаш бараат многу влог. Јас сум возбуден што ќе играм со Ѓоковиќ, тој е секогаш голем предизвик за мене, изјави Јапонецот.

Од тој меч во 2014 година, Ѓоковиќ го победи Нишикори во следните 14 натпревари.