Connect with us

Други спортови

Ниту повредата не го спречи да го истрча маратонот, Дарио Ивановски се обрати до целата македонска јавност (ВИДЕО)

Македонскиот олимпиец Дарио Ивановски со видео обраќање до македонската јавност по завршувањето на маратонот во Париз.

-Пред се благодарност до Бога, што стигнав жив и драв. Пред се имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар. Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е. Го дадов максимумот, сега следи перид на опоравување и фокус кон следните цели. Можеби сите, вклучувајќи ме и мене, имавме поголеми очекувања. Јас верував дека можам подобро и се уште верувам во тоа, изјави Ивановски во видео обраќање.


Македонскиот маратонец ја заврши трката на 69. место.

Ивановски, кој е првиот македонски маратонец во олимписката историја, ја мина целта со време од 2:28:15, заостанувајќи 21:49 минути зад победникот Тола.

Ивановски беше последниот македонски претставник кој настапи на Олимписките игри во Париз. Пред него својот олимписки настап го завршија Милјана Рељиќ во теаквондо, борачот Владимир Егоров, џудистот Еди Шерифовски, стрелачката Анастасија Мојсовска и пливачот Никола Ѓуретановиќ.