Connect with us

Фудбал

Нова трагедија го потресе фудбалот, почина 23 годишен фудбалер!

Марко Ангуло, повремен репрезентативец на Еквадор, почина вчера на 23-годишна возраст. Јужноамериканската земја е обвиена во црнило поради смртта на играчот од средниот ред на ЛДУ Кито, кој 35 дена се бореше за живот. Имено, тој беше на интензивна нега повеќе од еден месец и во тој период имаше неколку операции откако во октомври имаше сообраќајна несреќа. Тогаш беа убиени две лица, меѓу кои и фудбалерот Роберто Кабезас, а сега како последица на тоа почина Ангуло.