Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ и натаму е четврти на АТП листата

Тениската репрезентација на Србија остана меѓу елитата на Дејвис купот, а на најновата АТП листа немаше промени во однос на минатата недела. Новак Ѓоковиќ остана четврти со 5.560 бодови, со тоа што и неговото место е загрозено бидејќи малку заостанува Русинот Данил Медведев (5.475).

Крајот на годината сигурно ќе го дочека Јаник Синер кој по триумфот на УС Опен е убедлив лидер со 11.180 поени. Втор е Александар Зверев (7.075), Карло Алкараз трет (6.690), а од шестото место во ТОП 10 се: Андреј Рубљов (4.645), Тејлор Фриц (4.060), Хуберт Хуркач (4.060), Каспер Руд (4.010) и Григор Димитров (3.965).

Во ТОП 100 тенисери во светот се само Миомир Кечмановиќ (980) и Душан Лајовиќ (811). Миомир има 53, а Душан 65 на АТП листата. Ласло Ѓере е 119-ти со 491, додека Хамад Меѓедовиќ е 137-ми со 440 поени.