Connect with us

Други спортови

Новак преживеа пекол, низ болка до финале: Ова го можат само најдобрите! (ВИДЕО)

Каков шампион, шампион Новак Ѓоковиќ! Тој стигна финалето на мастерсот во Шангај откако го совлада Тејлор Фриц со 6:4, 7:6, а победата не беше само против многу незгоден ривал, туку и мачна! Кога се чинеше дека се е готово и дека Новак ќе успее рутински да го добие овој меч, доби болки во коленото. Откако имаше многу брејк топки во првиот сет и откако најдобриот тенисер досега рутински го спаси првиот брејк, тој тргна на победа во вториот сет, а кога имаше брејк топка – болки во коленото! До крајот на мечот имаше болки, побара лекарски тајмаут пред претпоследниот сет, а по масажа успеа да стигне до тај-брејк и таму победи! И сега – финале! Од 10:30 часот во недела Новак Ѓоковиќ ќе игра со Јаник Синер за трофејот!