Connect with us

Фудбал

„Новиот Меси“ во Барселона: Чави со само 15 години го вклучи на тренинзите со првиот тим

Минатото лето Лионел Меси ја напушти Барселона, но заминувањето на Аргентинецот тешко се надоместува.

 

Многу фудбалери во младинскиот систем на Барселона се споредуваат со легендата на клубот, а сега на сцена стапи 15-годишник.

 

Неодамна, Чави, тренерот на Барселона, реши да им даде можност на некои јуниори од познатата академија „Ла Масија“ да тренираат со првотимците, а еден од нив беше Ламине Јамал.

Иако на 13 јули наполни само 15 години, Јамал веќе настапува за У19 тимот на Барселона, што покажува доволно од неговиот потенцијал.

Според странските медиуми, десното крило има сличен стил на игра како Меси, со тоа што има тенденција многу да влегува во средината, од каде што шутира со левата нога.

Очигледно Чави е „заљубен“ во игрите на овој млад човек и можно е до крајот на сезоната да го видиме да дебитира за првиот тим.

Сепак, најавите дека некој е нов Меси или нов Роналдо треба да се земат со голема доза на резерва.

 

Врз основа на студијата спроведена од The ​​Sport во мај, се покажа дека од 2010 година до датумот на објавување на податоците, дури 285 фудбалери се сметаат или за „новиот Меси“ (175) или за „новиот Роналдо“ (90 ).

 

Очигледно, никој од нив не го достигна нивото на нив двајца. Некои успеаја да се профилираат како суперѕвезди, како Пол Дибала или Нејмар, но некои не стигнаа ни приближно до потенцијалот прикажан во раните години од нивната кариера.

 

Примери во оваа смисла се Бојан Кркиќ или Ален Халиловиќ, исто така двајца поранешни играчи на Барселона.