Connect with us

Фудбал

Од врвот до дното-Ливерпул го плати 41.000.000 евра, беше репрезентативец, а сега ќе игра на аматерско ниво за згаснатиот гигант

Поранешниот англиски репрезентативец, Енди Керол (35) стана новото засилување на славниот Бордо, кој неодамна поради банкрот беше префрлен во четвртиот ред на францускиот фудбал.

Керол минатата сезона настапуваше за францускиот Амиен, каде на 35 настапи постигна само четири гола, но нема сомнеж дека напаѓач со негова репутација добро ќе им се најде на борбените жирондинци во четвртиот ред на натпреварување.

Високиот напаѓач може да се пофали со многу богата фудбалска биографија, бидејќи во текот на кариерата забележа дури 248 настапи во англиската Премиер лига, бранејќи ги боите на Њукасл, Ливерпул и Вест Хем. Тој постигна вкупно 54 гола во елитното натпреварување на англискиот фудбал, а своевремено Ливерпул плати дури 41.000.000 евра за неговиот трансфер од Њукасл.