Connect with us

Други спортови

Одбојкарите се враќаат во Скопје на подготовки за мечот со Летонија

По поразот од 3:1 на гостувањето против Австрија нашата одбојкарска репрезентација се враќа во Скопје каде ќе продолжи со тренинзите во пресрет на последните два натпревари од првата фаза во Сребрената европска лига.

В недела во Скопје гостува селекцијата на Летонија, а потоа в среда следува соочувањето со Косово. Без оглед на пласманот во овој сегмент од натпреварувањето нашата репрезентација сигурно е дел од завршниот турнир бидејќи тој ќе се одржи во Скопје.

Претстојните две средби исто така ќе се искористат за подигнување на формата пред решавачките дуели за пласман во лигата.