Connect with us

Фудбал

Официјално: Масимилијано Алегри по пет години си оди од Јувентус!

Објавено:

Масимилијано Алегри ќе ја напушти клупата на Јувентус на крајот на сезоната, откако освои пет шампионски титули.

„Масимилијано Алегри нема да биде тренер на Јувентус од сезоната 2019/20. Повеќе информации ќе бидат кажани на утрешната прес-конференција“, објави клубот на својата интернет страница.

По четири сезони во Милан, Алегри го презеде Јувентус во 2014 година и потоа го предводеше клубот до пет едноподруго титули во Серија А, но изостана посакуваниот успех во Лигата на шампионите. Јуве двапати играше финале за тој период, а годинава сензационално беше елиминиран од Ајакс во четвртфиналето.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама