Connect with us

Фудбал

Официјално: Одриосола стана „крал“

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го привлече дефанзивецот Алваро Одриосола од Реал Сосиедад, соопшти официјалниот сајт на клубот.

Дваесет и две-годишниот дефанзивец потпиша договор за 6 години. Според медиумите во Шпанија, трансферната сума е околу 40 милиони евра. Новиот тренер на европскиот клупски шампион, Хулен Лопетеги инсистирал за привлекување на фудбалерот на Реал Сосиедад.

Дефанзивецот беше повикан од Лопетеги во составот на Шпанија за СП 2018, но не одигра ниту еден натпревар. Минатата сезона Одриосола запиша 1 гол во 41 дуели за Реал Сосиедад во сите натпреварувања.